Костадиновски: Довербата во судството е на најниско ниво, потребни се радикални чекори
Во Уставниот суд не смеат да постојат „чувствителни“ предмети, туку само уставна обврска судот да одлучува, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на регионалната конференција која денеска и утре се одржува во Охрид. Првиот човек на Уставен вели дека довербата во судството и во целиот државен систем е на историски најниско ниво










