НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства – Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство
86-годишната Росанка Трајковска од селото Челопек денес живее во страв, но и со олеснување – човекот кој брутално ја нападнал во нејзиниот дом е во притвор. Иако поминаа две недели од нападот, модринките на нејзините раце сè уште сведочат за жестоката борба за живот. Таа живее со својот син Јовица, кој на 9 февруари бил на работа кога насилникот влегол








