ДВОЈНА КОРИСТ ЗА СКОПЈАНИ ОД ДЕНЕШНИОТ СНЕГ Лесно се дише и се ужива во зимската идила
По неколкуте денови на висока загаденост денеска скопјани се израдуваа на чистиот воздух и снегот. Улиците главно се чисти, а сообраќајот се одвива нормално во целиот град. Денешното убаво време најмладите го минаа во игра со снег, а некои ги активираа и санките.