Работнички се засили со Американец
Кошаркарскиот клуб Работнички го промовираше новото засилување за претстојната сезона, американскиот крилен играч Џаксон Елингсворт. Станува збор за 206 сантиметри висок кошаркар, кој настапуваше минатата сезона за Арканзас стејт во НЦАА-лигата. Елингсворт одигра 32 натпревари во сезоната 2025/2026, со просек од 9,7 поени и 4,8 скока на натпревар.


