МВР поднесе кривични пријави против четворица малолетници и петмина родители по нападот врз 12-годишно девојче во Аеродром
Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчистило случајот со физичкиот напад врз 12-годишно девојче, кој се случи на 30 јуни во парк во Општина Аеродром. До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против четворица малолетници. Две малолетнички се товарат за кривично дело „насилство“, додека еден малолетник е










