Приведено лице од Берово поради нарушување на јавниот ред и мир во ПС Аеродром
Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово, информираат од МВР. Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видеозапис од видеонадзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видеозаписот






