Кениецот Дерик Чеге Нјороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон
Кениецот Дерик Чеге Нјороге е победник на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон. Тој патеката долга 42,195 километри ја истрча за 2 часа, 12 минути и 56 секунди. Неговиот сонародник Едвин Кимару Косгеи го освои второто место со време од 2 часа, 13 минути и 21 секунда. Третото место му припадна на Македонецот Дарио Ивановски, кој маратонот го заврши









