МНТ со „Ничија земја“ гостува во Националниот театар во Будимпешта, Унгарија
Македонскиот народен театар, на 19 ноември, ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“. – Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите










