Физички напад врз жена во казино, пријавен во полиција
На 09.02.2026 година во 12:20 часот во казино во Струга бил пријавен физички напад врз жена, информираат од полицијата. Според пријавата, И.Љ. од струшкото село Велешта физички ја нападнал Е.П. од Скопје. Настанот бил евидентиран, а полициски службеници презеле мерки за целосно документирање на случајот.







