Арбелоа: Оштетени сме, имаше пенал врз Мбапе
Реал Мадрид повторно не успеа, не победи по трет пат по ред, а по поразите од Мајорка и Баерн Минхен, Џирона украде бод на „Сантијаго Бернабеу“. Барселона сега има шест бода повеќе и доколку вечерва го победи Еспањол во градското дерби речиси ќе ја обезбеди шампионската титула. По нерешениот резултат со Џирона од клубот повторно се жалат на судиите








