Утре избори во Србија: 6,45 милиони гласачи, 18 листи и 8.392 избирачки места
На вонредните парламентарни избори во Србија, закажани за недела, 25 октомври, ќе учествуваат вкупно 18 изборни листи – девет мнозински и девет малцински. Истиот број листи имаше и на претходните избори во 2023 година, но новина овојпат е што гласањето во Србија и во странство ќе се одвива во исто време. Право на глас имаат вкупно 6.450.523 избирачи,








