18-годишна Турчинка тешко повредена во сообраќајка во Скопје
Вчера околу 00:40 часот, во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улица „Пролет“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 18-годишна девојка од Турција. Според пријавеното, патничко возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот С.И.Х. од Турција,










