Уште едно ново име во составот на Е. Пелистер 2
Ракометниот клуб Е. Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона. Како што објавија од клубот, најново засилување за битолскиот стстав е голманот Марко Трајков. Трајков во својата кариера има настапувано за тимот на Голден АРТ и тимот на Тинекс Пролет.

