Пелистер во Барселона игра меч за уживање, дилема е дали ќе загуби со двоцифрена разлика?
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва го игра последниот меч од групната фаза во Лига на шампиони и тоа против најтрофејниот европски клуб Барселона. Во претходните 13 меча, битолчани освоија шест бодови и немаат шанси да одат во осминафиналето, па на крајот ќе завршат на седмото место на табелата. Барселона има 12 победи и еден пораз,



