Трамп вели дека размислува за ограничен воен напад врз Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува можност за ограничен воен удар врз Иран со цел да ги принуди властите во Техеран на договор за ограничување на нуклеарната програма. Одговарајќи на новинарски прашања, Трамп рече дека во следните десетина дена ќе биде познато дали ќе се постигне договор или САД ќе преземат воена акција.








