По продорот на пазарите во САД и Панама, македонскиот „дигитален трговец“ се враќа на домашен терен
За Игор Илиевски, иницијаторот на Amenexia, чие патување започна со првата онлајн продавница во подрумот на неговиот дедо во Македонија во 2004 година, оваа иницијатива е многу повеќе од само економска експанзија. Тоа е доказ дека од Македонија може да се развијат конкурентни технолошки производи за глобалниот пазар, производи кои денес се достапни






