Атаман ја подгрева атмосферата пред мајсторката: Сакаме само фер судење
Вечерва следува кулминација од највозбудливата пресметка во досегашниот дел од кошаркарската Евролига. Валенсија на свој терен го пречекува Панатинаикос во решавачкиот петти натпревар. Резултатот е 2:2 во победи, а интересно е дека на сите четири досегашни дуели победуваа гостинските екипи. Секој од претходните четири дуели меѓу овие два тима изобилуваше


