Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!
Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез на социјалната мрежа X. Според изворот, Суарез веќе е изоставен од прелиминарниот проширен список на играчи за Светското првенство. Се забележува




