„Лило и Стич“ стана прв холивудски филм со заработувачка од милијарда долари во 2025 година
За само осум недели од објавувањето, оваа семејна комедија собра 416,1 милиони долари во Северна Америка и импресивни 584,8 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупниот број достигна 1,001 милијарда долари. Сепак, на глобално ниво, најуспешниот филм во 2025 година е сè уште кинескиот блокбастер „Не Жа 2“ со вртоглави 1,899 милијарди долари