16-годишник од Тетовско ненамерно повредил другар со остар предмет, потоа самиот се пријавил во полиција
Малолетник бил повреден со остар предмет во близина на Културниот дом во Тетово, а 16-годишникот кој му ја нанел повредата подоцна сам се пријавил во полиција. Случајот во полицијата синоќа го пријавил Б.Ш. (47) од тетовското село Челопек, татко на повреденото момче. Според пријавеното, околу 18:30 часот неговиот малолетен син седел на клупа во близина










