Запуштен простор во Бутел прераснува во модерен мега парк – увид во градежните активности извршија градоначалниците на Скопје и Бутел
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален








