Митева: На над 26 илјади граѓани им се враќаат повеќе од 140 милиони денари од компаниите за брзи кредити
Портпаролката на Владата, Марија Митева, соопшти дека на повеќе од 26.000 граѓани ширум земјата ќе им бидат вратени над 140 милиони денари, кои финансиските друштва за брзи кредити ги наплатиле незаконски. Таа информираше дека Државниот пазарен инспекторат извршил контроли кај сите 27 финансиски друштва лиценцирани во земјава, по одлуката на Владата










