Грција го достави буџетот за 2026: Раст од 2,4% и пад на невработеноста на 8,6%
Раст од 2,4 отсто, дополнително намалување на невработеноста на 8,6 проценти, зголемување на инвестициите, намалување на инфлацијата на 2,2 отсто, предвидува, меѓу другото, државниот буџет на Грција за 2026 година, што денеска беше доставен во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос








