Челзи го сруши британскиот рекорд – плати 137 милиони евра за Роџерс
Челзи продолжува да руши трансфер рекорди под водство на сопственикот Тод Боли. Откако ги доведе Енцо Фернандез и Мојсес Каиседо за рекордни суми во претходните преодни рокови, лондонскиот клуб сега повторно постави нов стандард. Со трансфер вреден 137 милиони евра, 23-годишниот Морган Роџерс стана најскапиот британски фудбалер на сите времиња, надминувајќи








