Математичкиот гениј од Штип ја воодушеви Македонија: Дамјан Давков освои злато и прво место на Балканската олимпијада
Младиот математички гениј од Штип, Дамјан Давков, повторно ја воодушеви Македонија со нов голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место и златниот медал на 43. Балканска математичка олимпијада што се одржа во Солун, Грција. Гордата вест ја сподели неговата мајка Никица, која објави дека Дамјан уште еднаш покажал извонредно знаење и талент во






