BMW забележа зголемување на продажбата во Европа и САД, а остар пад во Кина
На почетокот на неделата Audi пријави пад на продажбата, а во вторник со нешто понеповолни бројки и со слично објаснување се огласи и BMW. Во третиот квартал, баварскиот гигант, вклучувајќи го матичниот бренд и подружниците како што се Mini и Rolls-Royce, продадоа 551.072 возила на глобално ниво и забележаа пад на продажбата од 6,3 проценти на годишно


