Болка во стапалото како расеченица од нож: Што е Мортонова болест?
Мортонова болест или Мортонов невром е компресивна невропатија на интердигиталниот нерв, сместен помеѓу прстите. Пациентите обично се жалат на ненадејна болка во стапалото, во предниот дел, при одење. Тие велат дека чувствуваат како нешто да ги сече со нож или како да одат боси по камења. Мортоновиот невром влијае врз еден од нервите што се протегаат