Дожд, грмежи и засилен северен ветер во повеќе делови од земјата
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе










