Кошаркарите на КК Работнички со јавно предупредување: Осум плати заостанати, се закануваат со бојкот на натпревари
Алармантна состојба во редовите на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Играчи и членови на стручниот штаб на КК Работнички излегоа со јавно и недвосмислено соопштение во кое реагираат на, како што велат, „крајно неприфатливата и понижувачка состојба“ во која се наоѓа тимот, обвинувајќи ги раководството и локалната власт за игнорантски однос




