Можно е Унгарија да го прекине извозот на струја и гас во Украина ако Киев продолжи да не испорачува нафта преку „Дружба“
Унгарија размислува да го прекине извозот на електрична енергија и гас во Украина ако Киев продолжи да не испорачува нафта за Будимпешта преку нафтоводот „Дружба“, изјави на денешниот брифинг шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас. Тој посочи и дека владата на Унгарија на барање на рафинеријата МОЛ отстапи стратешки нафтени резерви










