Гатузо повеќе не е селектор на Италија
Џенаро Гатузо ја напушта својата работа како селектор на италијанската репрезентација. Одлуката е донесена, а формалните чекори ќе следат. Гатузо нема да продолжи по неуспехот да се квалификува на Светското првенство, односно по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот. Наскоро се очекува официјално соопштение, како што објави „Скај Спорт Италија“









