Повеќенаменската спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор – готова во второто полугодие
Изградбата на повеќенаменската спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е во напредна фаза и ќе биде завршена во текот на второто полугодие. Ова го констатираше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, која вчера изврши увид во градежните активности. Од Општина Кисела Вода информираат дека се работи за спортски објект



