Историски исчекор во државното здравство – вградени првите пенилни протези на Клиника за урологија
Клиниката за урологија испиша ново поглавје во македонското здравство. Кај тројца пациенти на возраст од 45 до 59 години се направени операции за вградување на првите пенилни протези. Двајца од нив, претходно биле оперирани од рак на простата, додека третиот страда од пејрониевата болест. Протезната хирургија е врвот во реконструктивната урологија,