Концертот на 7 март во Скопје ќе биде како претстава, вели Лозано
Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи концерт во Скопје на 7 март. Концертот е насловен „Километри љубов“, по неговиот голем хит „Километри“. „Работиме на нешто многу посебно и многу ново за мене, концерт што ќе спои добар звук, врвна сцена, движење и емоции. Ќе има танчари, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание









