Димитриеска Кочоска: 34 години македонски денар – столб на стабилноста и двигател на економскиот развој
По повод 34 години од монетарната самостојност и воведувањето на македонскиот денар, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека националната валута останува симбол на економската стабилност и сигурност на државата. Таа посочи дека денарот во изминатите децении успешно се справувал со бројни економски предизвици и се изградил










