Романот „Годините“ од нобеловката Ани Ерно излегува во издание на „Илика“
Откако минатата година излезе романот „Девојчински спомени“ од француската писателка Ани Ерно во превод на македонски јазик, следната недела од печат излегува романот „Годините“. Изданието е на издавачката куќа „Илика“, а преводот на Андријана Папиќ Манчева. Покривајќи го периодот од крајот на Втората светска војна, па сѐ до почетоците на XXI век,