Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба - уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево
Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол. Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот,