Обвинет за 11 силувања кошаркарот што освои сребро на Параолимписките игри во Париз
Британскиот кошаркар во количка Ли Фрајер (26), кој освои сребро на Параолимписките игри во Париз во 2024 година, се изјасни дека не е виновен по 11 точки од обвинението за силување. Тој се појави пред судот во Лидс на 19 ноември, а судењето е закажано за 22 март 2027 година. Фрајер останува во притвор. Обвинението против него има вкупно 17 точки.


