Алкарас сигурен во Париз
Карлос Алкарас успешно го мина второто коло на Мастерс-турнирот во Париз и обезбеди пласман во осминафиналето, откако во два сета го совлада Американецот Алекс Микелсен со 7-6(4), 6-3. Алкарас ја продолжи и импресивната серија против помладите тенисери. Микелсен беше неговиот 16-ти противник помлад од него, а Шпанецот ја забележа и 16-тата победа.

