Голема трагедија: 50-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот ден
Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.