Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, уапсено едно лице
Вчера во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња










