САД може да укинат нафтени санкции за „некои земји“
Доналд Трамп по едночасовниот телефонскиот разговор со Владимир Путин најави дека САД би можеле да укинат санкции за нафта за „некои земји“ за да го ублажат недостигот во светот поради војната на САД и Израел против Иран. „Имаме санкции за некои земји. Ќе ги укинеме тие санкции сè додека не се отвори Ормускиот теснец“, изјави Трамп без да наведе детали








