Селекторот на младите, е нов привремен А селектор на Италија
Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели. За овој период на трети и седми се планирани мечеви со Луксембург односно Грција на гостински терен. Италија како репрезентација е во огромна криза со три пропуштени Мундијали










