УЈП: Даночењето на доход од странство е постојна обврска, нема ретроактивна примена
Управата за јавни приходи соопшти дека обврската за пријавување и оданочување на доход остварен во странство не е нова мерка и не претставува ретроактивна одлука, туку законска обврска што постои со години и е во согласност со домашното законодавство и меѓународните договори. Во врска со најавениот протест во Куманово, УЈП наведува дека како институција









