Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни штети врз земјоделските површини во атарите на Мажучиште, Големо Коњари и Мало Коњари. Најпогодени се тутуновите насади, и тоа









