„Подарок од античките народи“ – Слики на камен, стари околу 4.000 години откриени на северозападот на Кина
Две слики на камен кои датираат од пред 3.000 или 4.000 години се откриени во провинцијата Гансу во северозападна Кина, потврдија локалните власти. Едната од сликите е висока 2,4 метри и широка 3,9 метри со шест прикази на овци, елени и кучиња, а другата е малку помала и содржи пет слики. Три слики биле оштетени од временските услови, а истражувачите