9,1 милијарди бараат банките назад од граѓаните и стопанството
Македонските банки во јануари 2026 управувале со депозитна база од 654,8 милијарди денари, односно 10,65 милијарди евра, пари доверени од домаќинствата и компаниите. Истовремено, преку кредити „побаруваат“ 561,2 милијарди денари или 9,12 милијарди евра – сума што практично ја покажува големината на долгот на граѓаните и стопанството кон банкарскиот







