Наковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД
фото: ОК Наковски волеј (FB) Првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата женска лига понуди интересни дуели, во кои лидерот Наковски Волеј ја продолжи победничката серија со максимална победа над Газели Волеј, во дербито од 10. коло кое се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје. Дуелот на прво и трето пласираниот тим во лигата мина во неизвесна атмосфера,





