Внимавајте ако патувате кон Златибор: Намалена е видливоста и има мраз на коловозот
На подрачјето на Златибор од вчера попладне паѓа дожд кој се заледува при допир со коловозот. Екипите на патната служба се на терен, а јавното претпријатие „Патишта Србије“ ги повика учесниците во сообраќајот да користат зимски гуми и да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема и синџири, како и да возат внимателно и во согласност со условите


