Левица предупреди: Од „верижната одговорност“ за Кочани ќе направат бескраен процес, Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае
„На 3 октомври Дејан Јованов – Деко, сопственикот на „Пулс“ ќе излезе од притвор исцрпувајќи го законскиот рок во кој оваа мерка може да трае по оценката на обвинението. Судењето, пак, продолжува до неедоглед. Значи, најстрогата процесна мерка стигна до својот законски крај пред постапката да стигне до првостепена пресуда“, велат од партијата Левица





